Пропадна уште еден план на Барселона, навивачите повторно разочарани

Што е потребно за да се потврди немоќта на Управата на Барселона ова лето?

Веќе неколку недели уназад, се случуваат работи кои ја потврдуваат немоќта на Управата на Барселона.

Сега се појави нова вест, во екипата останува уште еден играч на кого Ернесто Валверде не смета.

Арда Туран нема намера да си замине, иако јасно му е ставено до знаење дека на него никој не рачуна, но тој вели дека сака да остане бидејќи му е навистина пријатно на Ноу Камп
Барселона ова лето имаше неколку опции за Арда, од Кина и Турција, но ја чекаше најдората понуда, но на крај нема да биде ништо од неговата продажба, иако прелиминарниот рок за Галатасарај трае до 8-ми септември.


“Сакам да останам. Среќен сум во Барселона, имам уште три години договор и не сакам да го напуштам клубот”, изјави Арда Туран.


Проблемот во тоа е што Барселона сега има премногу играчи во тимот на кои не смета и кои не успеа да ги продаде или испрати на позајмица ова лето.

Сподели

Оставете коментар