ПСЖ е прашање на живот или смрт за дури 11 играчи на Реал Мадрид

ПСЖ е прашање на живот или смрт за дури 11 играчи на Реал Мадрид…

Натпреварот против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на Шампионите би можел да ја одреди судбината за дури 11 играчи на Реал Мадрид.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Откако е изгубена Ла Лига, па и Кралскиот Куп, Лигата на Шампионите остана единствена надеж за Зинедин Зидан и неговите играчи да успеат да спасат барем нешто.

За работата да биде полоша, во пораната фаза од Лигата на Шампионите ги чека ПСЖ со Нејмар, Мбапе, Кавани и останатите ѕвезди.

Доколку Кралевите доживеат елиминација, некои играчи дефинитивно ќе бидат отпишани за наредната сезона. АС наведува дека дури 11 фудбалери на Реал Мадрид би можеле на лето да ја променат средината и да следи голема чистка бидејќи претседателот Флорентино Перез повеќе нема трпение.

Наводно, први на листата за отстрел се голманите Кејлор Навас и Кико Касиља, а на нивно место ќе пристигнат Де Геа или Куртоис, како и да се даде на некој млад голман да собира искуство, младиот Ахраф и Валејо исто така го разочараа претседателот, како и Иско, Коваиќ и Љоренте, кој би можеле да бидат продадени по завршувањето на оваа сезона.

Што се однесува до нападот, Бензема сигурно заминува во Франција или Англија, а клубот ќе се одрече и од Мајорал, а не е невозможно сценарио клубот да го напуштат и Роналдо и Бејл, бидејќи желбата на клубот е да се купи Азар и(ли) Нејмар.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Токму поради овие информации, во наредната сезона можеме да запознаеме еден нов Реал Мадрид, доколку не се случи некој сензационален камбек. Секако, доколку заминат наведените играчи ќе пристигнат други, а листата е долга и составена од едни од најскапите и најквалитетните фудбалери на сите времиња.

Оставете коментар