Реал го допре дното! Дојде ред Селта да ги понижува (ВИДЕО)

Реал го допре дното! Дојде ред Селта да ги понижува (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид можат дефинитивно да се опростат оф титулата, иако само половина од првенството е поминато. После 18 кола имаат 16 бода помалку од Барселона.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Имаат и меч помалку, но секако ова е голема предност која Барса многу тешко да ја изгуби.

Нов кикс Кралевите направија на утакмицата против Селта Виго, каде Селта успеа да ремизира и покрај тоа што не реализираше пенал.
На Реал не му помогнаа ниту двата гола на Бејл во првото полувреме, а најдобриот играч на планетата Роналдо одново беше невидлив на теренот.

Мечот започна идеално за Селта, кога Даниел Вас искористи сјајна контра и со преубав лоб удар го понижи Реал.

За кратко време одговори Бејл со два гола, со што Реал на полувреме замина со предност.

Предноста од еден гол можеа да ја изгубат во 72-та минута, но голманот Кејлор Навас одлично си ја заврши работата и одбрани пенал.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

По само 10 минути игра, во 82-та минута играчите на Селта Виго успеаја да постигнат гол. Максимилијан Гомез ја смести топката позади голот на Реал после одличниот центаршут.

До крајот на мечот Мадриѓаните се обидуваа повторно да поведат но се тоа беше безуспешно.

Оставете коментар