arena.mk

Реал Мадрид повторно изгуби, Сантијаго Бернабе целосно потопен

Мадриѓаните го доживеаа третиот пораз на својот терен.

Фудбалерите на Реал Мадрид изгубија на својот стадион од Виљареал со резултат 0:1 (0:)0) во 19-тото коло од Примера.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Реал повторно се мачеше, креираше шанси, но беше далеку од триумф. Казната следеше во 87-ма минута, Форналс донесе победа на Виљареал во историското гостување на домашен терен кај Реал Мадрид.

Зинедин Зидан повторно со идентичен став во кој навивачите имаа најголема доверба, па тој повторно се најде на удар на фудбалските критичари.

Сепак, Реал Мадрид доминираше, повторно Роналдо беше најопасен, но воедно и најголем трагичар, бидејќи потроши голем број топки, односно имаше преку 10 удари кон голот, но ниту еден од нив не заврши во мрежата.

Токму Португалецот ја пропушти најголемата шанса во првото полувреме, бидејќи од само три метри шутираше недоволно прецизно, па голманот Асенхо излезе како победник.

Во второто полувреме имаше иста слика, Реал доминира, шутира, но недоволно опасно. Модриќ се обиде од дистанца, Роналдо шутираше два пати директно во голманот, а потоа и со глава за малку промаши за водство на Реал Мадрид.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Зинедин Зидан во 70-та минута направи двојна замена, Асенсио и Лукас Васкез ги заменија Иско и Бејл.

Оставете коментар