Реал Мадрид подготвува 570 милиони евра: Погледнете кои играчи пристигнуваат на Сантијаго Бернабе

Реал Мадрид подготвува 570 милиони евра: Погледнете кои играчи пристигнуваат на Сантијаго Бернабе…

Реал Мадрид сака да формира нови Галактикоси, а како една од главните мети ги означи сјајниот везен играч, за кој е подготвен да издвои неверојатни 300 милиони евра.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Во последно време, во врска со Кралскиот клуб, најчесто се шпекулира околу доведувањето на Нејмар, Хари Кејн, Азар, Давид де Геа.

Клубот од Сантијаго Бернабе наводно подготвил огромен буџет за наредниот прелиминарен рок, во желба да започне нова ера во клубот, а се подготвува цифра од неверојатни 570 милиони евра.

Сепак, доколку Кристијано Роналдо евентуално би го напуштил клубот, иако според последните сознанија планира да остане во Мадрид, тоа би отворило многу опции за Флорентино Перез, и секако дека тогаш би можел да има поголем маневарски простор.

Враќањето на Нејмар во Шпанија е се почеста тема на фудбалската јавност во последно време, а наводно Бразилецот им се доверил на најблиските пријатели дека сонува за враќање и преселба на Сантијаго Бернабе.

Реал е наводно подготвен да плати баснословни 400 милиони евра.

Меѓутоа, бразилскиот ас не е единствениот фудбалер за кој е заинтересиран Реал Мадрид, според пишувањата на медиумите блиски до Кралскиот клуб.

Мадриѓаните ќе се обидат да го убедат Пол Погба да се пресели на Сантиаго Бернабе, иако францускиот везен играч изјави дека е среќен во Јунајтед, после враќањето во тој глуп пред година и половина.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Сепак, извесно е дека за евентуални спектакуларни трансфери како овој, ќе мора да причекаме барем до лето.

Оставете коментар