Реал Мадрид со интересна понуда до Јувентус: За да го земат Дибала, кралевите понудија…

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала сигурно ќе биде една од најголемите мети што се однесува до трансфер роковите во блиска иднина.

За заминувањето на Дибала од Јувентус се шпекулира веќе неколку месеци и сите го замислуваат набрзо во некој нов клуб.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот, вреден 100.000 евра.

Меѓутоа, Аргентинецот го продолжи договорот со Старата дама и кога се очекуваше да е така ставена точката на сите тие приказни, се случи нешто што никој не го очекуваше, тој потпис не промени апсолутно ништо.

Според пишувањата на шпанските медиуми, Дибала веќе наредното лето би можел да го промени клубот и кариерата да ја продолжи во тимот на Зинедин Зидан и тоа како главно засилување. Како што пишува угледната Марка, кралскиот клуб е заинтересиран да го доведе фудбалерот на Јувентус наредното лето кога речиси сигурно Герет Бејл ќе го напушти клубот.

Реал подготвува навистина интересна понуда, понуда која е наменета токму за Јувентус, освен пари, кон Торино ќе испрати и еден фудбалер од својот тим.

Погледнете ги цените за влезниците за натпреварите на СП во Русија

Наводно, Реал Мадрид е подготвен да плати околу 80 милиони евра, и во овој трансфер да го вклучи и Тони Крос. Познато е дека Јуве во неколку наврати покажа интерес за Крос, а на Сантијаго Бернабе се надеваат дека баш на тој начин ќе го наговорат Јувентус да се согласи на овој трансфер.

Тоа би било сигурно едно од најголемите засилувања во наредните трансфер рокови, а би било навистина интересно да го видиме Дибала како се снаоѓа во дресот на Реал Мадрид. Каква ќе биде реакијата на Роналдо на оваа понуда?

Регистрирај се овде и добиј 6.000 денари бонус за обложување.

(20:45) AS Roma – Qarabag
(20:45) Barcelona – Sporting
(20:45) Bayern – PSG
(20:45) Benfica – Basel
(20:45) Celtic – Anderlecht
(20:45) Chelsea – Atl. Madrid
(20:45) Manchester Utd – CSKA Moscow
(20:45) Olympiakos – Juventus

Оставете коментар