Реал спремен да ја потроши најголемата сума во историјата на фудбалот! Погледнете за колкава сум и за кои фудбалери се работи!

Реал спремен да ја потроши најголемата сума во историјата на фудбалот! Погледнете за колкава сум и за кои фудбалери се работи!

Реал Мадрид е со план да направи револуција во фудбалот.

Тие од 2014-та година немаа значајни вложувања, па така Реал финансиски стои одлично. Далеку е од било какви лимити и можно е да вложи 300 милиони евра во засилувања без да продадат ниту еден играч.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Ако на ова додадеме дека веројатно ќе заминат Бејл и Бензема, тоа би можело да внесе уште стотина милиони во касата, а пак да не зборуваме и за Роналдо со што ако би се реализирало се ова нема сомнеж дека ќе го видиме најскапиот трансфер период во историјата, поточно Перез ќе го направи најголемото вложување во историјата на фудбалот.

Се ова ќе го има на располагање некој друг тренер, најверојатно Јоги Лев, ако работите останат така како што се досега.

Постои можност Зидан да биде сменет и пред мечот со ПСЖ, ако доколку изгуби од Валенсија овој викенд. Но за среќа на Французинот сеуште нема права алтернатива до крајот на сезоната.

Анчелоти би одбил понуда од Реал, тој чека за во Арсенал, а никој од познатите шпански тренери нема доволно импресивно СВ за да ја презеде клупата.

Па кого би донел Перез?

Потребен му е голман, на мета е Де Геа и размената со Јунајтед која сеуште останува како опција, но „Црвените Ѓаволи“ нема да го пуштат Шпанецот за помалку од 100 милиони евра.

На листата се и Нејмар и Кејн за кои ќе треба да потроши повеќе од 200 милиони евра, но прашање е колку е тоа реално. Некои информации говорат дека за толку и Челзи би го пуштил Азар, но на Реал му се потребни повеќе од две или три појачувања.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Левандовски и Видал од Баерн наводно се желба на Лев, а од Сосиедад би требало да стигне десниот бек Одриозола за околу 40 милиони. Јасно е дека Реал ќе се обиде да вметне и некоја замена со играчи. Се спомнува и заминување на Модрич, покрај веќе споменатите Бензема и Бејл.

Сеедно, со продавањата, во тимот би можеле да вложат околу 400 милиони евра наредното лето и повеќе од сигурно е дека ќе го видиме Реал во потполно ново издание. Односно дека Перез ќе заврти нова страница во обидот да го врати приматот.

Регистрирај се на овој линк, и добиј до 6.000 денари бонус за обложување на следниве натпревари:

(17:00) PSG – Montpellier
(18:00) Sassuolo – Atalanta
(20:45) Chievo – Juventus
(15:30) Bayern – Hoffenheim
(15:30) Bor. Dortmund – Freiburg
(15:30) RB Leipzig – Hamburger
(15:30) Stuttgart – Schalke
(16:15) Valencia – Real Madrid
(20:45) Villarreal – Real Sociedad

Оставете коментар