Роџер Федерер испрати силна порака до своите ривали на US Open

Роџер Федерер, испрати јасна порака до своите ривали на US Open, откако го збриша Фелисијано Лопез и му се приклучи на Рафа Надал во четвртата рунда.

36-годишниот тенисер, покажа класа и квалитет и го победи Лопез со 3-0 во сетови, а во четвртата рунда ќе се соочи со Филип Колшрибер.

Новак Ѓоковиќ стана татко по втор пат, неговата сопруга на свет донесе прекрасно девојче

Рафа Надал исто така, се избори за место во четвртата рунда, откако го победи аргентинецот Леонардо Мајер со 3-2 во сетови.

Шпанскиот тенисер губеше со 2-0 во сетови, но на крајот успеа да направи голем пресврт и да го добие натпреварот.

Оставете коментар