Русија ја совлада Турција, Чесите лесно против Романија

Во пресрет на првото коло од Групата Ц на ЕвроБаскет, Романија во петокот изгуби од Чешка со 68:83, а клучна се покажа третата четвртина која Чесите ја добија со 22:9.

Војтех Хрубан со 25 и Томас Саторански со 20 кошеви, беа најдобрите чешки стрелци, додека кај Романија најдобар беше Влад Молдовеан со 24 постигнати поени.

Во групата Д, Србија во финишот го скрши отпорот на Латвија, додека Турција изгуби од Русија.

Русија славеше со 76:73 против Турција, а најдобар стрелец беше Тимофеј Мозгов со 20 погодоци.

Кај турците, најдобар беше Чеди Осман со 28 поени.

Сподели

Оставете коментар