СЕХА дербито Вардар – Металург со хуманитарен карактер

СЕХА дербито Вардар – Металург со хуманитарен карактер…

Натпреварот меѓу Вардар и Металург од СЕХА Газпром лигата закажан за 9 декември во СЦ „Јане Сандански” покрај натпреварувачкиот, ќе има и хуманитарен карактер. Тоа е последен меч за Вардар пред домашна публика во 2017 година.

Натпреварот меѓу Вардар и Металург е закажан за в сабота во 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански”

Приходот од продажбата на билетите од натпреварот ќе бидат наменети за операција за Борче Јовановски (16) кој мора итно да замине на операција во странство на трансплантација на коскена срж. Борче боледува од ретка генетска болест, Бета Таласемија и неговата здравствена состојба се влошува поради што е потребно да замине на лекување во странство.

Цената на билетите за македонското дерби Вардар – Металург се по цена од 50 денари. Истите може да се купат преку продажната мрежа на wwwticketplus.mk.
Натпреварот е закажан за 9 декември во 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански”

На влезот на салата ќе бидат поставени и кутии за донирање на пари кои исто така ќе бидат наменети за лекувањето за Борче Јовановски.

Имателите на сезонски билети ќе можат бесплатно да го следат натпреварот, но ќе можат и да купат билет или пак да донираат пари.

Оставете коментар