Се води кон мега спектакл: Џошуа и Вилдер добија сопарници

На распоредот во новата бокс-сезона, се двата меча кои водат кон големата финална пресметка помеѓу Џошуа и Вилдер.

Позната е идната борба на Џошуа, односно името на противникот кој ќе го нападне неговиот појас на светски првак. Тоа е Кубрат Пулев, а тие двајца ќе се сретнат во Кардиф.

Џошуа требаше да го обработи реваншот против Владимир Кличко, но откако Украинецот се пензионираше, започна потрага за нов противник. Пулев од почетокот беше главен кандидат, поради својата положба. 36 годишниот тешкаш ќе се обиде да биде поуспешен отколку во својот прв напад на светската титула.

27-годишниот Британец ќе ги брани сите три титули кои ги држи, односно WBA, IBF и IBO, а ќе се обиде да ја продолжи и својата брилијантна низа. Имено, Џошуа моментално има резултат од 19-0, а сите победи ги оствари со нокаут. Владимир Кличко, кој го победи во 11 рунда, е всушност првиот кој издржал подолго од првата половина на седмата рунда.

Пулев е сопственик на резултат 26-1, а единствениот пораз го доживеа кон крајот на 2014 годин од Владимир Кличко, со нокаут во петата рунда. Тогаш имаше големо разочарување, бидејќи многумина сметаа дека токму Пулев, е оној кој ќе го сопре Украинецот.

Сепак, од тогаш тој оствари шест победи, со кој дојде до оваа шанса. Поголеиот дел од својата професионална кариера (22 од 27 меча) ги обработил во Германија, а ова ќе биде прв пат да боксува на островот.

Оставете коментар