Се огласи и Нејмар: Сето тоа значи дека јас сум само добар играч

Се огласи и Нејмар: Сето тоа значи дека јас сум само добар играч…

Иако летово пристигна во ПСЖ од Барселона, Нејмар веќе стана мета на трансфер шпекулациите кои наведуваат дека бразилскиот фудбалер наредното лето ќе се пресели во Реал Мадрид.

Нејмар на изненадување на многумина одлучи да ја напушти Барселона и за неверојатни 222 милиони евра да премине во ПСЖ.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Меѓутоа, иако само неколку месеци е во француската екипа, веќе се шпекулира дека Бразилецот на крајот на оваа сезона ќе го напушти ПСЖ и повторно ќе се врати во Шпанија.

Според пишувањата на шпанските медиуми тоа нема да биде Барселона, туку најголемиот ривал на овој клуб, екипата на Реал Мадрид.

Флорентино Перез сака со сите сили да го доведе Нејмар на Сантијаго Бернабе и тоа ќе се обиде на крајот од оваа сезона.

Сепак, Бразилецот тврди дека од тоа нема да биде ништо. “Среќен сум во ПСЖ и имам навистина одличен однос со соиграчите. Добри играме и секогаш го давам својот максимум”, изјави Нејмар и потоа додаде:

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

“Шпекулации секогаш ќе постојат. Уште додека бев во Сантос секогаш се зборуваше дека некаде ќе заминам. Невозможно е да не сте дел од таа приказна, но среќен сум за тие шпекулации бидејќи тоа докажува дека сум добар играч”, изјави Нејмар.

Оставете коментар