arena.mk

Се случи ЧУДО во УФЦ борбите! Наместо да го скрши од ќотек тој го прегрна! (ВИДЕО)

Се случи ЧУДО во УФЦ борбите! Наместо да го скрши од ќотек тој го прегрна! (ВИДЕО)

УФЦ борецот Доналд Сероне ги воодушеви сите љубители на овој спорт поради гестот кој го направи во дуелот со Јансиј Медеирош и покажа што значи фер плеј игра.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 400.000 евра.

За време на првата рунда од борбата, по само неколку разменети удари, во еден момент Медеирош изгуби рамнотежа и падна на подот.

Како и што е секогаш во ваков вид на борби, поголемиот дел од борците би се упатиле кон противникот и би го „заредиле“ со силни удари. Но Сероне наместо тоа го сочека Медеирош да стане.

После ова дојде до смеа на лицето и спортско прегрнување на борците.

Но сепак тоа е во делот на фер плеј играта. Додека во останатиот дел имаше интересни моменти и на крајот некој мораше да го изеде „подебелиот крај“.

Поуспешен во оваа борба беше Сероне кој го нокаутираше противникот, но секако тој нема да биде најмногу запамтен по победата туку по фер плеј играта која ја покажа.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 400.000 евра.

Погледнете како тој го нокаутираше противникот:

Оставете коментар