Синот на Абрамович купува клуб кој игра во Лигата на шампионите

Аркадиј Абрамович, најстариот син на сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, одлучи по примерот на својот татко да купи клуб.

Синот на Абрамович исто така се занимава со бизнис. Тој е основач на конзорциумот “АРА Капитал” и неговото богатство се проценува на 2,8 милијарди долари, а дел од парите наводно е подготвен да ги вложи во купување на фудбалски клуб.

Бартомеу ги откри сите детали околу договорот со Меси: Нема потреба од милијарда евра, тој може да…

Како што пренесуваат бројни медиуми, Аркадиј е главен кандидат за купување на великанот од Москва, ЦСКА и е подготвен да започне револуција во Русија, а за купувањето, наводно, би требало да издвои сума од 300 милиони долари.

ЦСКА е еден од најсилните и најпопуларните руски клубови. Од основањето на лигата, шест пати ЦСКА беше шампион, а е редовен учесник во Лигата на шампионите. Оваа сезона, цСКА ќе игра во Групата А со Бенфика, Базел и Манчестер Јунајтед.

Напаѓач од Северна Кореја е новото засилување на Јувентус?
Сподели

Оставете коментар