Слоун Стивенс е новата шампионка на US Open турнирот

Американската тенисерка Слоун Стивенс е новата грен слем шампионка на US Open
турирот, откако вечерва во големото финале ја победи сонародничката Медисон Киз со 2-0 во сетови.

Финалниот меч на US Open турнирот траеше само еден час, а за време на истиот доминираше Стивенс со 6-3 и 6-2. Ова за неа е прва титула на ваков голем турнир со што на перфектен начин заокружи едно патување, враќање од повреда по речиси една година пауза, односно пред шест недели беше 957 на BTA листата, а пак од понеделник ќе се искачи на 17-тата позиција.

Киз која беше 15 носителка ќе мора да чека нова шанса за да слави на ваков голем настан.

Победничката награда на Стивенс изнесуваше 3,7 милиони долари, додека во нејзината целокупна кариера има заработено околу 4,5 милиони долари, со што таа во само една вечер ја дуплираше заработувачката во својата тениска кариера.

Сподели

Оставете коментар