Србија остана и без Троицки пред полуфиналето од Дејвис купот

И третиот отказ…

Српскиот тенисер Виктор Троицки нема да игра во полуфиналето од Дејвис купот против Франција во Лил.

Ова е нов удар за националниот тим на Србија бидејќи од порано во составот нема да бидат ниту Новак Џоковиќ и Јанко Типсаревиќ.

Троицки после елиминацијата на US Open од Украинецот Александар Долгополов 6:1, 6:0, 6:4 изјави дека нема да може да се јави на повикот на селекторот кој моментално може да смета само на Душан Лајовиќ и Филип Крајиновиќ.

Новак Ѓоковиќ стана татко по втор пат, неговата сопруга на свет донесе прекрасно девојче

Второто полуфинале ќе се одигра помеѓу Белгија и Австралија, чиј мечеви се играат во Брисел, односно од 15 до 17 септември.

Оставете коментар