arena.mk

Стартниот тим на Вардар за мечот со Силекс: 10 играчи имаат под 21 година

Стартниот тим на Вардар за мечот со Силекс: 10 играчи имаат под 21 година…

Составот на Вардар за денешниот натпревар со Силекс, ќе биде сосема поинаков од минатите натпревари од оваа сезона. За прв пат нашиот тим ќе го одигра мечот со 10 младински фудбалери во првиот состав, односно играчи кои имаат под 21 година. Освен голманот Игор Алексовски, другите сите имаат статус на „младинци“, а дел од нив имаат и под 18 години. Согласно правилата, една екипа мора да го одигра првиот дел со младинец, а во редовите на „црвено-црните“ денеска ќе ги има дури 10.

На голот ќе биде веќе споменатиот Алексовски, кој што ќе биде „највозрасен“ во екипата со 23 години. Во одбраната на нашиот тим Антовски, Серафимов, Младеновски и Тодороски. Во средниот ред на Вардар се најдоа Реџепи, Адем и Исени, како поддршка за „тројката“ во нападот Попзлатанов, Цветаноски и Бериша.

На клупата за резерви ќе бидат Илиќ, Митревски, Радевски, Пешевски, Дишлиевски, Јахја. Сите од клупата имаат под 21 година.

Оставете коментар