Стоилов и Поповски патуваат на ЕП во Хрватска

Стоилов и Поповски патуваат на ЕП во Хрватска…

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес го објави списокот од 19 ракометари што ќе патуваат на Европското Првенство во Хрватска. На списокот се наоѓаат и нашите ракометари Стојанче Стоилов и Мартин Поповски.

Гонзалес реши да патува со 19 ракометари, а ќе може да пријави само 16. Другите ќе бидат резерва и ќе чекаат шанса од трибините.

Список на ракометари за ЕП Хрватска 2018:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Гоце Ојлески
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски
Одбрана: Аце Јоновски, Велко Марковски

Утре рано изутрина нашата делегација заминува за Загреб, каде на 13 јануари ќе го одигра првиот натпревар од групата против селекцијата на Словенија. Во нашата група на ЕП се уште и селекциите на Црна Гора и Германија со кои се среќаваме на 15, односно 17 јануари.

Оставете коментар