Токму поради ова, Манчестер Јунајтед е најголемиот клуб на светот

Излегувањето на навивачите во пресрет е еден од најврвните приоритети на Олд Трафорд.

За што се работи?

На англичаните за Русија им е потребна виза, а таа е прилично скапа, односно 118 фунти, па управата на Манчестер Јунајтед реши да им ги плати трошоците на своите навивачи кои ќе се решат да тргнат на пат кон Москва и да го бодрат својот клуб на натпреварот од Лигата на шампионите против ЦСКА.

Капацитетот на стадионот на кој ќе биде одигран овој меч е околу 30 илјади седишта, а гостите имаат право на 5% од влезниците, што значи дека вкупно 1500 навивачи на Манчестер Јунајтед ќе присуствуваат на натпреварот, па правата за визи ќе издвои нешто преку 177 илјади фунти.

Ѓаволите ќе гостуваат кај рускиот вицешампион во второто коло од елитното натпреварување, на 27ми септември.

Освен Јунајтед и ЦСКА во оваа група се наоѓаат и шампионите на Португалија и Швајцарија, односно Бенфика и Базел.

Сподели

Оставете коментар