Трансферот кој изненади многумина

Го бараа европските гиганти, а ѕвездата на Баер замина на неочекувано место.

Ренато Санчес повеќе нема да игра во Минхен. Одличниот млад везен играч од Португалија до крајот на оваа сезона ќе игра во премиерлигашот Свонси. Ова беше големо изненадување бидејќи за 20-годишниот Санчез во последно време се заинтересираа Јувентус, ПСЖ и Ливерпул.

Но, во Баерн го насочиле кон клубот од Велс. Се очекува дека таму ќе има најголем простор за игра и дека следното лето ќе се врати подготвен за она што го чека во баварскиот мега клуб.

Велшаните оваа позајмица ќе ги чини 8,5 милиони евра, а дека Баерн е навистина загреан околу овој играч покажува и фактот дека Свонси не може да го откупи неговиот договор.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Сподели

Оставете коментар