Турингер е последниот ривал на Вардар во групата од ЛШ

Екипата на Турингер е последниот ривал на вардарки во групната фаза од лигата на шампионките. Германките го освоија првото место во квалификациите со две победи, за нова шанса меѓу најдобрите тимови во ЛШ.

Турнингер во финалето на квалификацискиот турнир го победи 65 Хорс со 33-24, а претходниот дел исто така славеше над Мекалиа Атлетико Гуардес со 31-21. За Германскиот вицепрвак ова е седма сезона во групната фаза од ЛШ.

Првиот дуел со Турингер во Ц групата од ЛШ ќе се игра во периодот од 13 до 15 октомври на гости, а реваншот е на 17 ноември во Скопје.

Ова ќе биде наше четврто меѓусебно соочување во лигата на шампионите. Во сезоната 2016/2017 игравме со Турингер во Главната фаза. На домашен терен со Скопје победивме со 36-26, а на гости со 31-29.

Првпат се сретнавме во сезоната 2013/2014 кога игравме нерешено во гости 24-24, а победивме дома, 31-25. Следната 2014/2015 сезона повторно игравме, но во групната фаза. Тогаш Турингер победи на домашен терен 21-20, а во Скопје подобри бевм ение, 26-21.

Сподели

Оставете коментар