arena.mk

Убедлив триумф на пионерите на Вардар против Аеродром 1

Убедлив триумф на пионерите на Вардар против Аеродром 1…

Комотна, лесна и убедлива двоцифрена победа за пионерската селекција на Вардар против екипата на Аеродром 1 со 33 – 6 (14 – 3).

Избраниците на Андријана Будимир, во 9. коло од пионерската машка лига во СЦ Кале, имаа лесен предизвик на мечот против момчињата од Аеродром 1, кои се една генерација помлади од нашите пионери. Првиот гол противникот го постигна дури откако ние поведовме 11 – 0, и до паузата Аеродром 1 постигнаа уште два гола. На пауза заминавме со резултат од 14 – 3.

Второто полувреме се задржа истата динамика, како во нападот, така и во одбраната. Ривалот постигна уште три гола, наспроти 16 голови на нашата екипа. Мечот заврши со 33 – 6.

Вардар – Аеродром 1 33 – 6 (14 – 3)

Вардар: Марко Мишевски 4, Бојан Чакалиќ 3, Борис Павловски 2, Андреј Трајановски 2, Никола Жерновски 4, Кристијан Ташевски 1, Филип Атанасовски 1, Ненад Ангеловски, Дарјан Петков 2, Леонид Чорогунов 2, Матео Јанчев, Велимир Грујовски, Горјан Трајчевски, Давид Савревски 4, Благој Димчевски 2, Симон Калајџиески 6.

Оставете коментар