Утре започнуваат натпреварите во Лигата на шампионите

Утре и во среда почнуваат возбудувањата во Лигата на Шампиони каде на програма се двојките од А, Б, Ц и Д групата.

Дербито се игра во Шпанија каде Барселона го пречекува италијанскиот гигант, Јувентус. Во истата група, Олимпијакос каде игра Бесник Хаси играат против Спортинг Лисабон каде настапува Стефан Ристовски.

Левандовски доби директни закани, тој сонувал да игра во клуб како…

Во А групата, „Црвените Ѓаволи“ играат со Базел, додека Бенфика силите ќе ги одмери со ЦСКА Москва.

Во Б групата, Баерн се очекува да има лесна задача со Андерлехт додека ПСЖ гостува кај незгодниот Селтик.

Во Ц групата, англискиот првак Челзи игра со Карабах каде настапува Анси Аголи, додека Атлетико Мадрид има тешко гостување кај Рома.

Сите средби почнуваат од 20 часот и 45 минути.


Рома – А. Мадрид

Баерн – Андерлехт

Бенфика – ЦСКА М.

Селтик – ПСЖ

Челзи – Карабах

М. Јунајтед – Базел

Олимпијакос – Спортинг Л.


 

Оставете коментар