Февруари – еден од најзначајните месеци за фудбалската историја на Македонија

Февруари – еден од најзначајните месеци за фудбалската историја на Македонија…

На 7. февруари 1993. година е одржано првото ИЗБОРНО СОБРАНИЕ на Фудбалскиот сојуз на Македонија. Низамедин Аручи, Илија Атанасовски, Киро Соневски и Здравко Точко – претседавачи на Собранието.

Февруари е еден од најзначајните месеци за Фудбалската историја на Македонија. 1993. година е одржано првото ИЗБОРНО СОБРАНИЕ на Фудбалскиот сојуз на Македонија. Собранието се одржуваше во салата на ГП „Пелагонија“, а со него раководеше Киро Соневски од Гостивар, Здравко Точко од Охрид и Илија Атанасовски, генерален секретар на ФСМ. Во завршниот круг за претседател на ФСМ се бираше меѓу Трајан Бендевски и Љубисав Иванов – Ѕинго. Иванов доби повеќе гласови и со тоа активностите на првиот претседател на ФСМ Алеско Кипровски за прием во ФИФА и УЕФА продолжија под раководство на новиот претседател Љубисав Иванов – Ѕинго. За потпредседател на ФСМ беше избран Ѓорѓи Атанасов, а во Управниот одбор членови беа: Трајан Бендевски – Битола, Часлав Божиновски – Скопје, Димитар Босиљанов – Струмица, Медат Војника – Дебар, Душко Милевски – Тетово, Трајче Маџовски – Прилеп, Борис Христов – Велес, Стојан Тренчевски – Скопје, Темелко Ордановски – Скопје, Пане Иванов – Кавадарци, Ѓоко Угриновски – Струга, Панче Насев – Штип, Душко Николовски – Пробиштип;

Оставете коментар