Федерер штотуку го закажа полуфиналето со Дел Потро

Роџер Федерер повторно се издигна, оправдувајќи ја фаворитската улога во дуелот со Ришар Гаске, триумфирајќи со резултат од 2-0 во сетови во четвртфиналето од Мастерс-турнирот кој се оддржа во Шангај.

Следен противник со кој Швајцарецот ќе се соочи ќе биде Хуан Мартин дел Потро, кој денеска забележа уште една победа врз Виктор Троицки со 2-1 во сетови. И додека Троицки одлично го започна денешниот дуел и поведе со резултат од 0-1, Дел Потро набрзо влезе во ритам и ги доби следните два сета.

Како резултат на ова, во првото полуфинале во Шангај силите ќе ги одмерат Марин Чилиќ и Рафаел Надал, во што се очекува да биде возбудлив натпревар.

Оставете коментар