Хуан Фелипе се приклучи на подготовките на Вардар

Хуан Фелипе се приклучи на подготовките на Вардар…

Бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе вчера пристигна во Анталија, и веќе денеска се приклучи на подготовките на екипата. На теренот на хотелскиот комплекс „Каја Палацо“, Фелипе почна да тренира и да се подготвува за пролетниот дел од сезоната. Нашиот фудбалер доби неколку дена дополнителен одмор, со оглед на фактот дека беше дел од сите 33 натпревари од есенскиот дел од сезоната.

„Добро се одморив од напорниот есенски дел, и сега важно е јас, како и целиот тим добро да се подготвиме за вториот дел од сезоната. Нашите цели и амбиции се познати од порано, а тоа се атак на два фронта и се надевам дека ќе успееме во оваа сезона која за нас е историска со играњето во групната фаза од Лигата на Европа. Сега останува само низ тренинзите тука во Анталија и низ пријателските натпревари, подготвени да го дочекаме стартот на пролетниот дел од сезоната. Посакувам сите да бидеме здрави и подготвени за натпреварите од првенството и од Купот“, изјави Фелипе.

Со него Вардар сега комплетен ги продолжува подготовките во Анталија. После вчерашниот одигран натпревар со Берое, екипата утринава имаше полесен тренинг, а попладне ќе има уште една подготовка.

Оставете коментар