Хумелс доби предупредување откако од балконот скокна во базенот

Челникот на германската фудбалска репрезентација го потсети репрезентативецот Мет Хумелс на одговорност, откако играчот на Баерн од Минхен од балкон скокна во базен.

Хумелс на почетокот на оваа недела на социјалните мрежи постави видео снимка како од балкон скока во базен, со хаштаг “не правете го ова дома”.

Генералниот менаџер на репрезентацијата Оливер Бирхоф изјави дека “би било многу полошо доколку Хумелс скокна на глава”.

“Ние не сме полиција на социјалните мрежи за нашите репрезентативци кога не играат, но едноставно мораме да ги потсетиме дека се што кажуваат и прават, мора да биде за пример”, изјави тој.

Хумелс со репрезентацијата на Германија се подготвува за квалификациските натпревари за Светското првенство во 2018 година против Чешка на 1-ви септември во Прага, од каде подоцна заминува во Кајзерслаутерн, каде ќе настапи против Норвешка.

Германија е прва на табелата со сите 18 бодови во Групата Ц, Северна Ирска е втора со 13, а Чешка има 9 бода. Азербеџан е четврт со 7 бодови, Норвешка има 4, а Сан Марио е на поледното место без ниту еден бод.

Оставете коментар