Цвијиќ: Ги имаме најдобрите играчи во светот и најдобриот стручен штаб

Цвијиќ: Ги имаме најдобрите играчи во светот и најдобриот стручен штаб…

Победничката низа на Вардар продолжува и во пролетниот дел од сезонава, со триумфот против францускиот Мец со 29 – 23 (15 – 9). Новите два бода го зацврстуваат Вардар на лидерското место на табелата, како единствен тим со максимален учинок во во лигата на шампионите сезонава.

Тренерот на Вардар, Ирина Дибирова е задоволна од играта, но вели и дека сѐ уште има мали грешки за исправање.

„Сакам да им честитам на моите играчи, одиграа одлично. Благодарност и за Парондо и Марија Лојаница, кои одлично ги подготвија играчите. Имаме добра тактика и во добра кондиција сме. Имавме малку грешки, што треба да ги исправиме за следниот натпревар. Одиме понатаму. Нѐ чека Битигхајм и одиме на победа и во Германија”, изјави Дибирова.

Пикерот Драгана Цвијиќ ги пофали своите соиграчи за постигнатиот успех.

„Горда сум на својот тим, по два месеци се собравме назад бидејќи бевме со своите репрезентации. Долга пауза, и одигравме одличен меч, треба да продолжиме вака и понатаму. Имаме најдобри играчи во светот, најдобар стручен штаб и треба да веруваме во себе дека можеме да одиме до крај. Благодарност и до публиката што дојде во голем број, се најдевам дека на следниот натпревар во Скопје, за две недели против Будуќност трибините ќе бидат до последно место исполнети. Сите уживаме кога играме пред полни трибини, зашто тие се нашиот осми играч”, изјави Цвијиќ.

Следниот натпревар Вардар го игра на гости кај Битигхајм во Германија.

Оставете коментар