Целје гостин во Скопје во СЕХА лигата

Целје гостин во Скопје во СЕХА лигата…

Вардар во февруари игра со забрзано темпо и за 13 денови ќе го имаме четвртиот натпревар, овојпат од СЕХА Газпром лигата. Во вторник (20,45 часот МТВ пренос) ни гостува поранешниот европски првак Целје. „Црвено-црните” имаат обезбедено пласман на Ф4 турнирот во регионалното натпреварување, но се „брка” првото место. Во моментов имаме девет бода предност во однос на второпласираниот ППД Загреб, а словенечки Целје е трет со 11 бода помалку од нас.

Двете екипи сакаат со овој меч во СЕХА лигата да го заборават викендов и настапите во ЕХФ лигата на шампионите. Вардар загуби минимално на гостувањето кај Барселона, 28-29, додека Целје дома беше поразен од ПСЖ со 26-31.
За Вардар и Целје ова ќе биде четврти натпревар во СЕХА лигата, а досега македонскиот првак трипати бил подобар. Во есенскиот дел од сезоната Вардар победи во Словенија со 31-29.

За утрешниот натпревар единствено Иван Чупиќ нема да биде во конкуренција за место во тимот. Тој сѐ уште има проблеми со коленото и затоа ќе остане на трибините.

Раул Гонзалез – тренер на Вардар

„Целје е добра екипа со млади играчи, и играчи кои исто така имаат искуство. Натпреварот е тежок, зашто тие играат брз центар. Треба да се биде спремен на таквата игра. Очекувам добар натпревар. Ние имаме стабилност и треба да играме добро, но и да се искористи мечот, да се чувствуваме подобро и да се воиграме подобро. Имавме долга пауза, и сега ни требаат натпревари

Јања Војводиќ – играч на Вардар

Би се сложоил со тренерот дека Целје е млада и искусна екипа. Покрај нас, Мешков и Загреб, и Целје е претендент за пласман на Ф4 и за освојување на трофејот. Имавме проблеми со нив во првиот дел од сезоната. Тоа треба да ни биде поука како треба да играме.

Оставете коментар