Циндриќ и Штербик во игра за „Играч на годината во Европа“

Циндриќ и Штербик во игра за „Играч на годината во Европа“…

Во изборот огранизиран од Европската ракометна федерација се најдоа девет играчи, а Вардар е тим што има двајца свои претставници.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Вардар во 2017 година освои во Европа сѐ што можеше да освои, а дел од играчите на шампионскиот има на „црвено-црните” во секое коло беа наградувани со индивидуални признанија за најдобра одбрана, најдобар гол, дел од иделаниот тим. Некои пак беа и играчи на месецот. На крајот на навивачите останува да изберат кој играч ја одбележа 2017 година.

Во изборот огранизиран од Европската ракометна федерација се најдоа девет играчи, а Вардар е тим што има двајца свои претставници. Средниот бек Лука Циндриќ и Арпад Штербик имаа извонредна сезона, и тие беа дел од мозаикот на „црвено-црните” што стигна до европската титула. Сите играчи подеднакво се вредни на успехот, но овие двајца се најдоа во изборот бидејќи претходно беа избрани за играчи на месецот.

Сега на навивачите останува преку онлајн гласање на решат кој ја заслужува титулата за 2017 година.

Покрај нашите момци во игра се уште и Сандер Сагосен (ПСЖ), Хулен Агинагалде (Киелце), Момир Илиќ (Веспрем), Перез Де Варгас (Барселона), Џери Халбек (Иштад) и Мате Лекаи (Веспрем).

Гласањето за играчот на годината може да се направи на следниот линк.

Оставете коментар