Црвена Ѕвезда со спектакуларно засилување: Перо Антиќ после десет години повторно на Калемегдан

Црвена Ѕвезда пронајде спектакуларно решение за позицијата крилен центар, а изборот падна на македонскиот интернационалец Перо Антиќ, кој се уште е играч на европскиот шампион Фенербахче.

Десет години откако го напушти белградскиот тим, Перо Антиќ повторно се враќа на „Калемегдан“ да игра за некогашниот клуб, каде беше омилен помеѓу „Делиите“.

Искусниот македонски кошаркар како, потпишал договор на една сезона, а на подготовките за новата сезона, на соиграчите од Црвена Ѕвезда ќе им се приклучи за најмногу 48 часа.

Антиќ веќе подолг период се врти по сите навивачки форуми на Црвена Ѕвезда како потенцијално засилување, а сето тоа сега добива и реализација, и конечно радост за навивачите на трофејниот српски клуб.

Оставете коментар