Црвено-црните започнаа да се подготвуваат за натпреварот со Силекс

После слободниот викенд во кој што фудбалерите имаа два слободни дена од тренинзите, Вардар од денеска почна да се подготвува за првенствениот натпревар од третото коло против Силекс кој што ќе се игра во сабота во 16 часот на „Телеком Арената“ во Скопје.

„Црвено-црните“ некомплетни и без репрезентативците, ги стартуваа подготовките за првенството, а потоа и за натпреварот од првото коло од Лигата на Европа против Зенит Санкт Петербург. На тренинзите на екипата во моментов ги нема Дарко Велковски, Висар Муслиу, Бобан Николов, Џамбул Џигаури, Ховханес Хамбарџумјан, Тигран Барсегјан и Петар Петковски кои што денеска и утре имаат обврски со своите национални тимови.

Премиер лигата воведува нов термин?

После завршувањето на обврските, овие седуммина ќе се приклучат на тренинзите, и екипата ќе биде комплетирана пред настапите во првенството и во Лигата на Европа.

Оставете коментар