„Црвено-црните“ со пораз се враќаат од „Чаир“

„Црвено-црните“ со пораз се враќаат од „Чаир“…

Вардар го доживеа четвртиот пораз во првенството. Денеска „црвено-црните“ на лошиот терен на стадионот „Чаир“ беа совладани од составот на Шкупи со 2:0, со два гола во вториот дел. Вардарци пропуштија неколку шанси да дојдат до водство, дури и да го зголемат, а потоа беа казнети од страна на противникот кој што со два гола од далечина стигна до трите бода од овој натпревар.

Уште во 4. минута прва шанса за Барсегјан кој што одкосо од левата страна упати непрецизен удар кој што заврши над голот. Тешкиот терен не дозволуваше да има повеќе шанси и добра игра, па втората прилика ја имавме во 36. минута кога Тодороски од десната страна упати топка до Николов кој што упати за малку непрецизен удар кој што оди покрај голот. Во 43. минута прва прилика за Шкупи. Имери нафрли, а со глава Мбела е прецизен кон голот, но одлично одбрани Алексовски.

Само што почна вториот дел, Максимов се најде во прилика и од 16-17 метри упати удар кој што заврши милиметри крај голот. Во 62. минута иста ситуација, од „волеј“ Русинот шутираше повторно крај голот.

Шкупи дојде во водство во 64. минута. Бајрами доби топка на дваесетина метри од голот, упати удар кој заврши во горниот десен агол од голот на Алексовски.

Во 69. минута повторно Максимов имаше шанса да израмни. Овој пат шутираше прецизно одкосо од десно, меѓутоа Зендели му го одбрани неговиот шут. Во 85. минута шанса за Шкупи преку Таипи кој шутира крај голот.

Веќе во следната 86. минута Шкупи постигна уште еден гол. Долга топка на половината на Вардар, расчисти одбраната на нашиот тим, но топката во пад ја зафати Стојкоски од волеј од 30-35 метри, топката за несреќа на нашиот тим заврши прецизно од пречката во мрежата, во горниот десен агол.

До крајот на натпреварот се играше главно на средината на теренот, немаше шанси и после триминутното судиско надополнување судијата Ецкоски означи крај на натпреварот.

Оставете коментар