„Црвено-црните“ утре почнуваат со зимските подготовки

„Црвено-црните“ утре почнуваат со зимските подготовки…

Утре (вторник 9. јануари) со почеток во 11 часот, Вардар ги почнува зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната. Завршува одморот за Вардаровите фудбалери кои што утре ќе ја имаат првата подготовка на тренинг кампот на ФК Вардар во Хиподром.

Вардарци во Скопје остануваат неколку дена, а на 16. јануари експедицијата се сели во турскиот центар Анталија, каде што ќе го одработи најважниот дел од подготовките, и таму тимот ќе се воигрува низ пријателски натпревари.

„Црвено-црните“ во Анталија ќе бидат до 7. февруари, и ќе бидат сместени во хотелскиот комлекс „Каја Палацо“, односно истиот комплекс во кој отседнаа и минатата 2017 година.

Распоредот на пријателски натпревари во Анталија е следен:

20.01. – Пахтакор (Узбекистан)

23.01. – Берое (Бугарија)

27.01. – Черноморец Одеса (Украина)

31.01. – Заглебје Лубин (Полска)

03.02. – Словачко (Чешка)

04.02. – Дукла Прага (Чешка)

НАПОМЕНА ЗА МЕДИУМИТЕ: Сите медиумски куќи кои сакаат да бидат дел од првиот тренинг на Вардар и да известуваат, да пристигнат во тренинг кампот во н. Хиподром во 10:30 часот.

Играчите и стручниот штаб ќе бидат достапни за изјави до 11 часот, а потоа ќе почне првиот тренинг на кој што ќе можат единствено да снимаат и да фотографираат од истиот.

Оставете коментар