Черноморец победи, Вардар не искористи пенал

Черноморец победи, Вардар не искористи пенал…

Во интересен и натпревар со многу шанси, денеска Вардар беше минимално поразен од тимот на Черноморец со 1:0. Голот на Украинците беше сомнителен, затоа што најпрво судиите донесоа одлука дека нема гол, а потоа ја сменија својата одлука. Вардарци во текот на натпреварот имаа многу шанси, имаа и прилика преку пенал, меѓутоа не успеаја да го реализираат во тие моменти за израмнување.

Првата закана стигна уште во 3. минута кога Барсегјан од слободен удар упати прецизен шут, меѓутоа голманот на Черноморец успеа да одбрани. Во 11. минута Блажевски шутираше само крај голот. Во 19. минута обидот на Марковиќ од дваесетина метри го одбрани чуварот на мрежата на противничкиот тим. Две минути подоцна опасен обид на Блажевски одкосо од лево, меѓутоа топката мина само крај голот.

Возбудливо беше во 30. минута кога двата тима имаа по една шанса. Најпрво Стојчевски шутираше од дваесетина метри, но непрецизно и над голот, а потоа во акција на Ченоморец, Политило исто така упати удар само над пречката.

Во 32. минута во идеална шанса за противничкиот тим се најде Третјаков кој излезе сам пред голот на Вардар, меѓутоа Гачевски одлично интервенираше. Последната шанса за откривање на резултатот ја имаше Вардар преку Блажевски кој што шутираше прецизно, но противничкиот голман успеа да одбрани.

На почетокот на вториот дел во 48. минута обидот на Тигран не е опасен по голот на Черноморец, и голманот успеа да одбрани. Во 50. минута шанса за Черноморец преку Хобленко, меѓутоа неговиот удар беше одбранет од Гачевски.

Во 53. минута преку контроверзен гол, Черноморец дојде до водство. Хобленко со глава упати удар, топката се движеше блиску до гол линијата, а по долго размислување судиите донесоа одлука дека топката влегла во голот на Гачевски. Настана и мала мешаница на теренот, меѓутоа арбитрите останаа на одлуката дека тоа е погодок со кој украинскиот тим стигна до водство.

Се играше 69. минута кога најпрво Исени од слободен удар се обиде, но голманот на Украинците успеа да одбрани. Во истата акција по една нафрлена топка во шеснаесетникот, еден противнички играч играше со рака, по што беше досуден пенал за Вардар. Исени шутираше во долниот лев агол, меѓутоа чуварот на мрежата на Украинците го одбрани обидот на вардаровиот фудбалер.

Силниот удар на Максимов во 81. минута зафати некој од играчите на Черноморец, и го смени правецот и заврши за малку над голот. Украинскиот тим имаше шанса за втор гол во 84. минута, но шутот на противничкиот фудбалер отиде само крај голот.

На две минути пред крајот на натпреварот од слободен удар се закани Черноморец преку Политило, меѓутоа обидот беше одлично одбранет од страна на нашиот голман Алексовски, што беше последна шанса на натпреварот.

ВАРДАР – ЧЕРНОМОРЕЦ 0:1 (0:0)

Терен: „Каја Палацо“ во Белек.

Стрелци: 0:1 Антонов 53’

Ж. Картони: Мамаду, Татарков (Ч).

ВАРДАР: Гачевски (68’ Алексовски), Брдаровски (68’ Тодороски), Грнчаров, Новак, Глишиќ, Марковиќ, Стојчевски (68’ Цветаноски), Исени (78’ Серафимов), Блажевски (46’ Бериша), Попзлатанов (78’ Максимов), Барсегјан (82’ Стојков).

ЧЕРНОМОРЕЦ: Новак, Лиулка, Мамаду, Мартиненко, Ковалец, Татарков, Третјаков, Антонов, 3 играчи на проба.

Уште играа: Бамба, Силвио, 2 играчи на проба.

Оставете коментар