Четврто издание на традиционалниот зимски турнир „Еден живот, една љубов“

Четврто издание на традиционалниот зимски турнир „Еден живот, една љубов“…

Успехот прераснува во традиција, зимскиот турнир на Вардар „Еден живот, една љубов” месецов се одржува по четврти пат од формирањето на Ракометната академија Вардар.

После три одлични турнира, се враќаме со ново издание и нови таленти, кои годинава ќе се натпреваруваат во старосните категории 2002/03, 2004/05, 2006/07 и деца родени 2008 и помали.

Годинава на турнирот ќе учествуваат 57 екипи од школите кои се дел од Академијата, односно над 400 деца ќе од 16 јануари до 28 јануари ќе се вклучат на турнирот. Според координаторот на Ракометната академија Вардар, Марија Папуџиева годинава во секоја категорија ќе се прогласи најдобра седморка.

„Изборот на седумте најдобри играчи во секоја категорија ќе се прави според добиените гласовите од тренерите. Односно, секој тренер ќе гласа за седум играчи кои се натпреваруваат во категоријата каде и тој води тим. Како и вообичаено, на трибите ќе присуствуваат и тренери на селекциите на Вардар, кои го следат напредокот на играчите и кои можеме да ги забележиме и на натпреварите во Вардар Јуниор лигата”, вели Папуџиева.

Во категоријата 2002/03 годинава екипите ќе се натпреваруваат само во машка конкуренција, а натпреварите се закажани за 20 и 21 јануари во СЦ Кале.

Во старосните категории 2004/05 и 2006/07 ќе се натпреваруваат во машка и во женска конкуренција. Според распоредот натпреварите за момчињата и девојките од 2004/05 годиште ќе се одржат на 16 и 17 јануари, и тоа годинава за првпат играме во сала во населба Илинден во Скопје. Односно, во СЦ Кале ќе ги видиме машките екипи, а девојките ќе се натпреваруваат во салата на СЦ „Гоце Делчев” во Илинден.

Натпреварите во категоријата 2006/07 во машка и женска конкуренција се закажани на 27 и 28 јануари, но за нив дополнително ќе објавиме податоци. Додека за најмладите играчи, родени 2008 и помали, кои ќе се натпреваруваат во мешани тимови, натпреварите се закажани на 27 и 28 јануари, но дополнително ќе информираме за местото каде ќе се игра.

Оставете коментар