Ѕвездата на Атлетико со шокантна изјава: Трошев по 15.000 евра во вечер, а сега имам…

Ѕвездата на Атлетико со шокантна изјава: Трошев по 15.000 евра во вечер, а сега имам…

Некогашниот лев бек и стопер на Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд, Алваро Домингез две години после завршувањето на својата кариера зборуваше за тоа каков шок за професионалниот фудбалер претставува моментот кога парите ќе прекинат да пристигнуваат.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

Со оглед на тоа што тој играл за тимови како Атлетико и Борусија, но и за репрезентацијата на Шпанија, Домнигез во текот на својата кариера заработил огромни пари.

Сепак, морал да му каже збогум на фудбалот во 26-тата година поради проблеми со грбот, но бил доволно паметен да започне сопствен бизнис за да не биде приморан да ги продава работите кои ги купил или веднаш да започне да ја троши заштедата.

Тој за шпанскиот лист Ел Мундо разговарал за тоа како изгледа животот на професионалниот фудбалер. За една вечер, тој знаел да потроши и 15.000 евра, одел на вечера со приватни авиони и не ги ценел парите.

“Професионалните спортисти не се грижат дали нешто чини илјада евра повеќе или помалку, бидејќи водат живот во кој постојано имаат прилив на пари. Тогаш за прв пат мораш да направиш долгорочни планови. Доколку не си подготвен за тоа или ако не си имал добра едукација, тогаш ќе започнеш да ја трошиш заштедата, доколку се уште не си ја потрошил”.

“Парите на фудбалерите се трошат на неверојатно скапи автомобил, исто така и скапи часовници. Во тие ситуации не ги цениш парите. Нормално ти е да со приватен авион заминеш на вечер. Знаело да се случи да испаднам со другарите и на крајот од вечерта да сфатам дека сум потрошил 15.000 евра”.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот во Македонија, вреден повеќе од 270.000 евра.

“Луѓето кога ќе ме слушнат, веројатно мислат дека сум глуп, но тоа го правиш еднаш за да видиш како е, но мораш да знаеш дека тоа не е реалност. Проблемот е што луѓето го губат допирот со реалноста и потоа тоа им станува секојдневие”, изјави Домингез.

“Денот после последната операција сфатив дека повеќе не можам да игра. Им се јавив на родителите во болница да ми објаснам што се имам од имот и пари. До тој момент тие се грижаа за тоа. Додека играш, не ти еважно и не следиш колку си заработил. Не ти е грижа што има толку пари кои можеш да ги потрошиш. Се трудам да живеам без да почнам да ја трошам заштедата или да продавам имот. Моментално се занимавам со недвижнини. Имам привилегија да си го дозволам тоа, но многумина не можат”, изјави тој.

Оставете коментар