10 најплатени тенисери, Новак Ѓоковиќ го освои првото место со заработка од…

Иако Новак Ѓоковиќ нема да биде дел од тие кои ќе добијат чек од турнирот на Флешинг Медоуз, тој останува на врвот на листата според заработувачка само од тенисот, пред своите големи ривали Роџер Федерер и Рафа Надал.

Според „Бизнис инсајдер“, Ѓоковиќ има заработено над 109 милиони долари само од тенисот, и близу до него е само Федерер со 107 милиони долари. Рафаел Надал е трет со 86 милиони долари, додека прва жена на листата е Серена Вилијамс на четвртото место со 84 милиони долари. Потоа следат славните легендарни имиња како Енди Мареј, Пит Сампрас, Венус Вилијамс, Марија Шарапова и Андре Агаси, но и изненадувањето на десеттото место, шпанскиот ветеран Давид Ферер со заработка од 30 милиони долари.

Во оваа сума се вклучени само парите кои тенисерите ги добиваат од наградните фондови, но не и рекламните и спонзорските договори, каде што на врвот на листата се Роџер Федерер и Марија Шарапова, кои во некој случаеви, знаат од спознорските договори и рекламните кампањи, да заработат и повеќе од некои тениски турнир.

Топ 10 најплатени тенисери:

1.Новак Ѓоковиќ (Срб) 109.805.403$

2.Роџер Федерер (Шва) 107.780.560$

3.Рафаел Надал (Шпа) 86.289.532$

4.Серена Вилијамс (САД) 84.463.131$

5.Енди Мареј (Бри) 60.807.644$

6.Пит Сампрас (САД) 43.280.489$

7.Венус Вилијамс (САД) 37.928.590$

8.Марија Шарапова (Рус) 36.585.213$

9.Андре Агаси (САД) 31.152.975$

10.Давид Ферер (Шпа) 30.690.257$

Оставете коментар