Вардар – Прешов

Екипата на Татран се надеваше дека ќе „го фати” Вардар уморен со оглед на патувањето на европскиот првак во Полска, но гостите од Прешов заминуваат од Скопје со пораз од 32-28 (18-11) во меч од четвртото коло на СЕХА Газпром лигата.

Но вардарци немаа проблеми, покажаа дека можат во континуитет да одиграат натпревари и дека има долга клупа на која има квалитетни ракометари што можат секогаш добро да одиграат. Ова беше четврти триумф по ред сезонава во регионалното натпреварување.

Во нашиот состав поради повреда на грбот го немаше голманот Страхиња Милиќ, а одмор добија у бековите Даинис Криштопанс и Жоан Кањељас. На листата на повредени е и крилото Владо Недановски. Шанса повторно да играта добија Мартин Поповски и Тоше Ончев.

Мечот го почна Даниел Ѓорѓевски на голот и „собра” пет топки за првите 30 минути. До осмата минута од натпреварот гостите од Словачка имаа позитивен резултат, по што Вардар резултатски се одлепи на 9-5 во 13 минута. Тоа беше момент кога гостинскиот тренер Славко Голужа побара една минута одмор надевајќи се дека ќе може нешто да поправи во играта на неговиот тим.

Поради неколку наши не реализирани напади, Татран успева да намали на 11-9 во 21 минута. Исклучувањето на Урбан Лукаш го искористивме да зголемиме на 14-9. Потоа гостинските ракометари заработија исклучување од две минути, а веднаш потоа и гостинскиот тренер поради приговор кон судиите. Јања Војводиќ зголеми на 15-9, а во следниот напад гостите заборавија дека имаат двајца исклучени ракометари, па тргнаа да напаѓаат со пет во поле плус голман. Тоа им донесе нова казна од ве минути, и им беше одземена топката.

Лука Циндриќ зголеми на 16-9, а потоа нашата одбрана не беше доволно сконцентрирана дозволувајќи му на Јакуб Хрстка да реализира со тројца играчи во поле. Имавме плус уште една шанса со тројца ракометари плус да дадеме гол, но ударот на Војводиќ го одбрани гостинскиот голман Игор Чуприна.

Седумте гола предност на полувреме донекаде ја покажуваат силата на Вардар, иако ракометарите не играа на своето највисоко ниво. Едноставно, онолку добро колку што треба да се победи, а притоа да не му дозволиме на противникот да се надева дека може да влезе во борба да го загрози нашето водство и резултатот

Второто полувреме донесе постава на теренот што ретко се гледа, со Поповски, Обчев, Ѓорѓевски, Војводиќ. За момент гостите успеаја да намалат на 20-15, но потоа пак се вративме на „плус 8″ за водство 24-16.

Последните десет минути кога веќе сѐ беше решено, стигна малото опуштање, па н анашите технички грешки и не реализирани напади Татран одговори со брзи контри. Девете голови предност (29-20) во 51 минута се стопија на 30-25 во 55 минута.

Тренерот Голужа повторно бараше тајм аут очекувајќи и надевајќи се на бркотница на теренот и можноста да се дојде до шанса за пресврт. Единствено што успеаја е да намалат на минус четири голови, и да заминат со пораз од 28-32.

Веќе во сабота во Скопје гостува француски Нант во второто коло од лигата на шампионите.