Скопје – Вардар

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ! И покрај иницијативата, и покрај шансите, сепак, Вардар само со бод се враќа од гостувањето на СРЦ Железарница и дуелот со Скопје.

85’ – Жолт картон за Енсар Сулимани (Скопје)

79’ – Хамбарџумјан центрира до Барсегјан кој со глава се обиде, но Кандикјан брани

69’ – Трета измена во Вардар. На местото на Велковски, во игра е Стојков

66’ – Шанса за Џигаури кој што од дваесетина метри шутираше само над голот

66’ – Жолт картон за Христијан Пецов (Скопје)

60’ – Двојна измена во Вардар. Излегоа Глишиќ и Исени, на теренот се Попов и Марковиќ

52’ – Обид на Ѓурчиновски од слободен удар, кратко одби Гачевски до Џугурдиќ кој што од непосредна близина шутира, но Гачевски му го затвори аголот и одбрани

51’ – Црвен картон за Бобан Грнчаров (Вардар) после старт над еден противнички играч кој што излегуваше сам пред Гачевски

46’ – Почеток на второто полувреме

КРАЈ НА ПРВИОТ ДЕЛ. Вардар имаше водство, но прими гол во 35. минута, па резултатот на крајот е 1:1. Првото полувреме мина во целосна доминација, со шанси, но нашиот тим нема предност. Одиме на триумф во вториот дел!

44’ – После грешка на Ужевски, Хамбарѕумјан одкосо од десно проба да погоди во празната мрежа, но топката оди само во гол аут

42’ – Џигаури упати удар од 20 метри, Кандикјан одби во поле и успеа уште еднаш да одбрани

41’ – Шут на Барсегјан, но одбрани Кандикјан

1:1 35’ – Недоразбрање помеѓу голманот Гачевски и одбраната, па топката дојде до Џугурдиќ кој што излезе сам, и погоди во голот на Вардар за израмнување

32’ – Уште една шанса за Вардар. Велковски додаде одлично до Џигаури кој што одкосо од десно шутира, топката мина за малку крај голот

29’ – Блажевски нафрли од левата страна, а Дарко Велковски со глава се обиде само над голот

0:1 27’ – ГООООООООЛ! Фелипе доби топка и стигна до 20 метри од голот на Скопје, упати прецизен удар кој што заврши во долниот десен агол

25’ – Силен шут на Ѓурчиновски од триесетина метри, топката оди за малку над голот

23’ – Шут на Хамбарџумјан одкосо од десно, но над голо

22’ – Обид на Блажевски од дваесетина метри, но Кандикјан успеа да одбрани

5’ – По добиена топка од Ужевски, шутира Јаневски од 16-17 метри под пречката, но Гачевски одбрани во корнер

4’ – Шут на Џигаури од дваесетина метри, но голманот Кандикјан лесно одбрани

1’ – Почеток на натпреварот

СОСТАВИТЕ НА ДВАТА ТИМА:

СКОПЈЕ: 12. Кајдикјан, 2. Ужевски, 4. Мишевски, 5. Велкоски, 6. Личина, 7. Јаневски, 8. Алексовски, 9. Џугурдиќ, 10. Десниќ, 14. Ѓурчиновски, 16. Пецов.

РЕЗЕРВИ: 77. Стевковски, 3. Ѓорѓиевски, 11. Канзуров, 13. Димитровски, 15. Најдоски, 17. Стојковски, 18. Сулемани.

ВАРДАР: 90. Гачевски, 5. Муслиу, 6. Грнчаров, 7. Џигаури, 9. Блажевски, 11. Барсегјан, 14. Велковски, 19. Хамбарџумјан, 32. Глишиќ, 33. Исени, 70. Фелипе.

РЕЗЕРВИ: 1. Алексовски, 3. Попов, 8. Марковиќ, 17. Стојков, 22. Стојчевски, 23. Демири, 30. Тодороски.

0’ – Овие два тима ќе се сретнат на официјален натпревар после шест години, односно последен пат играа во 2011 година

0’ – Добар ден од стадионот СРЦ Железарница каде што денеска Вардар му гостува на Скопје во натпреварот во рамките од 5-тото коло од Првата лига