Вардар – Загреб

Вардар останува со максимален број бодови по третото коло во групата А на лигата на шампионите, победувајќи го ППД Загреб со 28-21 (13-10).

Ова е осма победа по ред за вардарци во лигата на шампионите, уште едно клупско најдобро остварување досега во најелитното натпреварување во Европа.

На Вардар му требаа 15 минути да ја наметне сопствената игра и да ги постави работите на теренот како што сите очекуваа. Водството на „црвено-црните” дојде дури во 14 минута кога Кањељас погоди за 5-4. До тој момент гостите ја имаа иницијативатра и знаеја да ги казнат нашите нереализирани акции и грешки.

Уште во 4 минута кога ППД загреб поведе со 0-3 тренерот на Вардар, Раул Гонзалез мораше да бара минута одмор за да подели совети со кои ќе бевме поконцентрирани особено во нападот. Гостите покажаа дека кога играат без притисок може да бидат и незгоден ривал. Тоа го покажаа уште од првиот момент на средбата.

Имавме и среќа што на голот беше Арпад Штербик кој во првото полувреме имаше вкупно шест одбрани, од што пет во првите десет минути, токму во периодот кога ние правевме напор да ја анулираме предноста на гостите.

Потоа некако беше полесно да се игра, имавме водство, иако на моменти и доста проблеми во нападот, со оглед на тоа што хрватскиот првак добро ги затвораше приодите на сопственикот гол.

Во самата завршница од првото полувреме ја остваривме и највисоката предност, 13-9, иако на одмор заминавме со позитива од 13-10.

Одличната одбрана на Вардар на почетокот на второто полувреме беше клучот со кој домашните ракометари со сигурност ја најавија победата. Гостите цели 11 минути останаа без погодок, а Вардар трипати за пет минути реализираше за највисоката предност дотогаш, 16-10.

Потоа следуваше период на игра на нерви, промашувања и добра одбрана и шест минути ниту еден тим не постигна гол. Загребчано погодина, но исто така и Вардар за ново водство 17-12.

Во 50 минута зголемивме и на „плус седум” за водство 21-14, и седумте голови уште неколкупати до крајот на средбата.

Во следното коло Вардар гостува во Унгарија кај ПИК Сегед во лигата на шампионите.

Вардар – ППД Загреб 28-21 (13-10)

ВАРДАР: Штербик (13 одб.), Ѓорѓески (1 одб.), Стоилов 2/2, Недановски 1/1, Криштопанс 2/5, Фереира, Македа 4/7, Абутовиќ, Кањелас 3/4, Циндриќ 3/6, Чупиќ 3/5, Дибиров 2/6, Шишкарев 1/2, Борозан 4/7, Војводиќ 2/2, Марсениќ 1/3.