Вардар – Работнички

Вардар – Работнички

Вардар со победа ги заврши првенствените натпревари во оваа 2017 година. Денеска дури во вториот дел нашиот тим го „скрши“ отпорот на Работнички, и успеа да ги освои трите бода, и со три бода да ја намали разликата во однос на Шкендија на првото место пред зимската пауза.

„Црвено-црните“ пред постигнувањето на голот имаа неколку шанси, а Николов ја погоди стативата. Сепак, после сериозната шанса на Максимов, во истата акција Барсегјан реализираше и ги донесе вредните три бода на овој натпревар за Вардар, со кој ги заврши првенствените натпревари во овој есенски дел од сезоната.

„Цврсто“ беше во првото полувреме во кое што мрежите мируваа. Вардар на неколку пати го загрози голот на противникот, но тоа не донесе промена на резултатот после првиот дел.

Првата и најсериозна шанса во првиот дел ја имаше Фелипе. Бразилецот упати удар во 10. минута кој што одеше под пречката, а Божиновски со крајни напори успеа да избие во корнер.

Во 16. минута обидот на Барсегјан оди само крај голот, а четири минути подоцна Максимов се обиде да го проигра Николов на петерецот кој што за малку не стигна, а топката отиде за малку крај голот. Во 28. минута нафрли од корнер Фелипе на првиот дирек каде што обидот со глава на Новак оди само над голот на Работнички, што беше и последната прилика во првиот дел.

Се играше главно на средината на теренот на почетокот на вториот дел, а првата закана од Вардар ја видовме во 69. минута кога од дваесетина метри шутот на Барсегјан одеше по средината на голот каде што одбрани Божиновски. Во 73. минута шутот на Николов од 25 метри е непрецизен, оди над голот на противникот.

Најблиску до гол Вардар беше во 74. минута. Стојков одлично го проигра Николов, кој што беше осамен пред голот на Работнички, шутираше и го совлада Божиновски, но топката ја погоди само десната статива од противничкиот гол.

Се играше 78. минута кога Вардар имаше уште една супер шанса преку Максимов кој што по асистенција на Николов, од само 3-4 метри го погоди голманот Божиновски.

Сепак, во истата минута, конечно, водство на Вардар. Фелипе од левата страна го проигра Барсегјан кој што од десетина метри успеа да пласира во долниот лев агол, и да донесе предност на нашиот тим во овој дуел со градскиот ривал.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 1:0 (0:0)

Национална Арена „Филип Втори“ во Скопје. Гледачи: 300.

Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје).

Стрелци: 1:0 Барсегјан 78’

Ж. Картони: Максимов, Марковиќ, Демири (В) – Дурански, Геофреј, Ефтимов, Митрев (Р).

ВАРДАР: Гачевски, Муслиу, Велковски, Новак, Демири, Марковиќ (67’ Глигоров), Стојчевски (63’ Стојков), Фелипе, Николов, Барсегјан, Максимов (83’ Тодороски).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Илиев, Садики (82’ Кадриу), Митрев, Билали (55’ Ефтимов), Дурански, Тодоров, Велинов, Сергио, Маркоски, Геофреј (85’ Е. Сахити).

СТАТИСТИКА

ВАРДАР РАБОТНИЧКИ

4 корнери 4

11/5 удари/во 3/0

21 прекршоци 22

4 офсајди 2

3 ж. картони 4

0 ц. картони 0

0/0 пенали 0/0