Вардар – Шкендија

Одлично дерби и нова победа на Вардар во дуелот со Шкендија. Шампионот со доминатна игра во вториот дел успеа да го совлада својот ривал, и покрај тоа што на полувремето имаше негатива.

Имаше негатива составот на Вардар и во текот на вториот дел, меѓутоа првакот покажа карактер, покажа дека ја сака победата и на крајот успеа да дојде до неа. Тешко, но сосема заслужено со четири гола во мрежата на противникот и со прекрасната игра во второто полувреме кое Вардарци го добија со неверојатни 4:1.

Сега и се доближивме на Шкендија на табелата на минус шест и два натпревари помалку, а со тоа им се реванширавме за поразот во првото коло од овој шампионат.

Уште на стартот, во 3. минута Шкендија се закани со обидот на Алими кој што отиде над голот. На првата шанса на Вардар се чекаше 25. минути. После долгата акција, Блажевски се најде во завршница, од 22-23 метри од левата страна упати непрецизен удар кој што оди над голот.

Минута подоцна Шкендија дојде до водство. После акција од средината на теренот, Ибраими додаде до Жуниор кој што излезе сам пред голот, шутираше прецизно во долниот десен агол. Немоќен беше голманот Гачевски.

Истиот фудбалер се најде во уште една добра позиција, во 33. минута на другата, на левата страна, меѓутоа овој пат Гачевски му го одбрани ударот.

Во 42. минута најубавата прилика за Вардар во првиот дел. После нафрлувањето од Хамбарџумјан, топката стигна до Максимов кој што додаде до Исени, а фудбалерот на Вардар го мина својот чувар и упати прецизен удар, но Захов беше добро поставен и одбрани во прв корнер за шампионот.

Одличен почеток на второто полувреме имаше Вардар. Со желба да дојде до гол, да го израмни резултатот беше шампионот. Веднаш на стартот од вториот дел обидит на Итало и на Џигаури кои што завршија на истото место, крај голот. Во 54. минута Максим Максимов доби топка од Џигаури, тргна кон голот на Шкендија, и беше срушен од Захов за пенал на Вардар.

Сигурен реализатор на најстрогата казна е Фелипе кој што шутира прецизно во долниот десен агол од голот на Захов, кој тргна на спротивната страна. Вардар дојде до израмнување на резултатот на оваа средба.

Во 62. минута пенал за Шкендија. Судијата Мечкаровски покажа на белата точка откако го окарактеризира како прешкршок стартот на Глигоров над Хасани. Сигурен реализатор минута подоцна беше Ибраими и го донесе тимот на Шкендија во ново водство.

Сепак, за да продолжат возбудувањата, Вардар веќе во првиот напад откако тргна од центарот успеа да дојде до нов гол. Од десната страна Итало се проби, додаде до Блажевски кој што од 3-4 метри погоди во празниот гол на Шкендија и го израмни резултатот.

Вардар целосно доминираше во овој период, од неколку противнапади направи неколку добри прилики. Хамбарџумјан во 71. минута шутираше од слободен удар, а Захов одбрани.

Во 73. минута прво водство на Вардар на натпреварот. Фелипе од 25. метри се реши на шут, топката одеше во долниот лев агол, лоша интервенција на Захов, и топката оди во мрежата на Шкендија.

Нашите фудбалери мирно го чуваа водство, и чекаа шанса за уште еден гол. Таа се укажа во 88. минута кога Марковиќ одлично го проигра Итало, кому му требаа два обида за да го совлада Захов. Најпрво голманот на Шкендија му ја одбрани топката, а потоа Итало од вториот обид погоди во мрежата.

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 4:2 (0:1)

Национална Арена „Филип Втори“ во Скопје. Гледачи: 700.

Судија: Димитар Мечкаровски.

Стрелци: 0:1 Жуниор 26’, 1:1 Фелипе 55’ (п), 1:2 Ибраими 63’ (п), 2:2 Блажевски 64’, 3:2 Фелипе 74’, Итало 88’

Ж. Картони: Хамбарџумјан (В) – Захов, Ибраими, Мурати, Цуцули (Ш).

ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак, Демири, Глигоров, Исени (46’ Џигаури), Фелипе, Блажевски, Барсегјан (46’ Итало), Максимов.

ШКЕНДИЈА: Захов, Тодоровски, Бејтулаи, Цуцули, Мурати, Тотре (86’ Зејнулаи), Алими, Хасани, Жуниор (79’ Радески), Емини (71’ Абдурахими), Ибраими.