Победа – Вардар

Триумф на Победа во денешниот натпревар против Вардар во рамките од 11. коло од ПМФЛ.

На тешкиот терен на игралиштето во Могила, прилепчани успеаја со голот на Илиески да ги однесат трите бода, и да му го нанесат вториот пораз на „црвено-црните“ во овој шампионат, со тоа да ја прекина успешната победничка серија во Првата лига.

После првиот дел беше без голови, а според она што се виде на теренот, и сосема заслужено. Двата тима имаа вкупно три шанси, и тоа Вардар две, а противникот Победа само една после првите 45. минути. Се играше главно на средината на теренот каде што Вардарци ја имаа иницијативата, но агресивната игра на прилепчани и лошиот терен не дозволуваше да се направат шанси.

Првата закана ја имаше Дејан Блажевски во 2. минута, меѓутоа неговиот обид оди само крај голот на Победа. Во 31. минута Џигаури упати удар, прецизен, но тоа е млако да се изненади Талески кој лесно одбрани.

Првата и единствена шанса Победа во првото полувреме ја создаде во 35. минута кога обидот на Трајкоски оди во голот, но Гачевски го брани неговиот обид. Воедно, тоа беше се што се случуваше во првиот дел.

Далеку подинамично и повозбудливо беше второто полувреме во кое што Победа се стекна со водство и го задржа до крајот на натпреварот. Во 60. минута Цветаноски се обиде, но Гачевски успеа да одбрани. Во 63 и 64 минута две шанси за Вардар преку Фелипе и Итало, меѓутоа завршницата беше лоша, и непрецизна.

Се играше 78. минута кога после центаршут од корнер, Илиески на вториот дирек со глава го совлада Гачевски, на крајот ќе се покаже како победнички и клучен гол на натпреварот.

Вардар се обиде да се врати по обидот на Новак во 84. минута после изведен корнер, но само крај голот. Минута подоцна Победа со шанса да дојде до 2:0, но обидот на Мирчески со глава оди крај голот. Во 88. Барсегјан се обиде само по средината каде што одбрани Талески, а во 91. минута и Талески со шут, но повторно Талески беше сигурен, со што Вардарци не ја искористија последната шанса да дојдат барем до „реми“ и до бод од овој натпревар.

ПОБЕДА – ВАРДАР 1:0 (0:0)

Игралиште на Могила, во Прилеп. Гледачи: 1.000.

Судија: Дејан Јакимовски.

Стрелци: Илиески 78’

Ж. Картони: Талески, Карчески, Наумоски (П) – Итало (В).

ПОБЕДА: Талески, Шаркоски, Илиески, Хумбатов (65’ Крстески), Трајкоски, Најдовски, Мустафов, Карчески, Наумоски, Трајкоски (72’ Мирчески), Станиќ, Цветаноски (78’ Маневски).

ВАРДАР: Гачевски, Тодороски, Грнчаров, Новак, Попов (79’ Стојков), Николов, Марковиќ (46’ Итало), Фелипе, Џигаури (66’ Барсегјан), Блажевски, Максимов.

СТАТИСТИКА

ПОБЕДА ВАРДАР

4 корнери 1

8/3 удаир.во 7/3

20 прекршоци 16

3 ж. картони 1

0 ц. картони 0

0 пенали 0