Работнички – Вардар

„Црвено-црните“ го претрпеа и вториот пораз за само неколку дена во првенството.

После неуспехот во Могила од Победа, денеска Работнички успеа да му го нанесе третиот пораз на нашиот тим во првенството. Противничкиот тим денеска славеше триумф над нашата екипа која што успеа само да дојде до 1:1, а потоа и да дозволи Работнички со два гола да дојде до трите бода на оваа средба, оставајќи го Вардар без ниту еден.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот, вреден 100.000 евра.

Вардарци по првиот дел имаа негатива, и тоа после првата шанса во таа фаза од натпреварот. Вардарци имаа 2-3 шанси, први се заканија, но немаше реализација за резултатот да биде подобар во првото полувреме.

Во 10. минута после противнапад, Максимов се закани, меѓутоа тоа не беше опасно за Божиновски кој што успеа да одбрани. Во 17. минута Работнички дојде до водство. Центаршут од десната страна на Погосјан до Бразилецот Сергио, кој што од 6-7 метри ја спроведе топката во голот.

Во 30. минута се закани Геофреј, но топката оди крај голот. Финишот од првиот дел донесе подобра шанса за екипата на Вардар. Сепак, обидот на Николов во 38. минута остана неискористен, односно топката одите само над голот, и покрај тоа што беше во одлична позиција.

На стартот од вториот дел Вардар направи две замени. Излегоа Николов и Барсегјан, а влегоа Итало и Блажевски со цел да се засили нападот и да се дојде до брз гол. Сепак, првата шанса во вториот дел ја имаа „романтичарите“ кои што преку Стјепановиќ се заканија, но Гачевски успеа да одбрани.

На другата страна шанса за Вардар преку Итало во 55. минута кој што шутираше непрецизно и само над голот на противникот.

Сепак иницијативата на Вардар даде плод во 70. минута. Претходно беше покажано на белата точка после фаулот на Садики над Демири во шеснаесетникот. Сигурен реализатор на ударот од 11 метри беше Блажевски кој што силно шутираше во долниот десен агол.

Исламската држава планира напад во Русија за време на Светското Првенство?

Само две минути подоцна беше досуден и пенал за Работнички. Блажевски ја сопре топката со рака во сопствениот шеснаесетник, со што Стјепановиќ во 73. минута беше прецизен и одново носи водство на „романтичарите“.

Сепак, Работнички стигна и до трет гол во 82. минута кога после одличниот продор на Сергио, Гачевски му го одбрани ударот, но за несреќа на Вардар, топката стигна до осамениот Тодоров кој што со глава погоди во голот на Гачевски.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР              3:1 (1:0)

Национална Арена „Филип Втори“ во Скопје. Гледачи: 300.

Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје).

Стрелци: 1:0 Сергио 17’, 1:1 Блажевски 70’ (п), 2:1 Стјепановиќ 73’ (п), 3:1 Тодоров 82’

Ж. Картони: Митрев, Трајчевски, Садики (Р) – Хамбарџумјан, Новак (В).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Рашо, Билали, Садики, Митрев, Дурански, Стјепановиќ (75’ Тодоров), Велинов, Погосјан (39’ Трајчевски), Сергио (85’ Најдовски), Геофреј.

ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак, Демири, Николов (46’ Блажевски), Глигоров (68’ Марковиќ), Фелипе, Стојчевски, Барсегјан (46’ Итало), Максимов.

СТАТИСТИКА

РАБОТНИЧКИ   ВАРДАР

4              корнери              7

8/4         удари/во            5/2

18           прекршоци       16

0              офсајди               2

3              ж. картони         2

0              ц. картони          0

1/1         пенали                1/1