Силекс – Вардар

Вардар трет натпревар по ред во првенството не дојде до победа.

После поразите од Победа и од Работнички, денеска на теренот во Кратово, „црвено-црните“ не успеаја да го совладаат тимот на Силекс, и одиграа без голови. И покрај целосната иницијатива и поседот на топката, сепак, не успеаја да постигнат гол. Противникот, пак, не успеа да реализира и пенал во првиот дел.

Регистрирај се на BetCity и освој го најголемиот спортски џекпот, вреден 100.000 евра.

Првата шанса на мечот ја имаше Силекс преку Тимов кој што упати удар кој што заврши само во стативата. На другата страна Вардар врати со шансата на Итало. Центрираше Фелипе, го најде напаѓачот на „црвено-црните“ кој што со глава упати за малку непрецизен обид крај голот во 17. минута.

Во 26. минута Грнчаров го турна Глигоров Глигоров во шеснаесетникот, што Ставрев го окарактеризира како пенал. Минута подоцна Тимов го изведе пеналот, само во пречката од голот на Гачевски.

Во 34. минута го видовме првиот и единствен обид во рамките од голот во првиот дел. Барсегјан го упати, но млако, па без проблеми одбрани Митровиќ. Тоа беше се што се случуваше во првото полувреме од средбата кое заврши без голови, а имаше многу возбудувања.

Првата шанса во вториот дел Вардар ја имаше во 50. минута кога шутираше само над голот. Следната прилика за гол и најсериозна во вториот дел ја имаше Барсегјан, кој што од дваесетина метри упати удар кој што отиде за малку над голот. Тоа се случуваше во 85. минута што беше и последната сериозна прилика на мечот во Кратово. Во вториот дел имаше серија од жолти картони особено од страната на Силекс чии фудбалери на неколку пати беа остри кон нашите играчи.

Кариерата на Санчез под знак прашалник

И покрај тоа што ја имаше топката речиси во повеќе од 70% од натпреварот, Вардар не успеа да дојде до гол и до победа на овој натпревар.

СИЛЕКС – ВАРДАР      0:0

Градски стадион „Мусала“ во Кратово. Гледачи: 400.

Судија: Александар Ставрев (Скопје).

Стрелци: /

Ж. Картони: Филиповски, Филиповиќ, Тимовски, Ф. Глигоров, Гуцев, М. Жуниор, Бујчевски (С) – Грнчаров, Хамбарџумјан, Блажевски (В).

Ц. Картон: Тимовски 92’ (С).

СИЛЕКС: Митровиќ, Ф. Глигоров, Благојевиќ, Стојчевски, Г. Глигоров (88’ Бујчевски), Гуцев, Георгиев (60’ Маркос Жуниор), Филиповски, Тимов (83’ Иванов), Тимовски Филиповиќ.

ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан (85’ Џигаури), Грнчаров, Новак, Глишиќ, Марковиќ, Стојчевски, Фелипе, Блажевски (89’ Тодороски), Итало (82’ Максимов), Барсегјан.

СТАТИСТИКА

СИЛЕКС          ВАРДАР

1          корнери          2

3/0       удари/во        7/1

20        прекршоци     11

0          офсајди          2

7          ж. картони      3

1          ц. картони      0

1/0       пенали            0