Цеље – Вардар

Вардар го „реши“ и Целје во СЕХА…

По одиграни 6 кола, односно една третина од предвидените 18 натпревари во регуларниот дел од сезоната во СЕХА Газпром лигата, Вардар не само што останува лидер на табелата, туку и потврди дека целта сезонава ќе биде реално остварлива.

На гостувањето во Словенија кај Целје, нашите ракометари славеа со 31-28 за шести триумф сезонава, трет во дуелите со Целје.

Сега Вардар има шест бода повеќе од второпласираните Мешков Брест и Татран Прешов на табелата. Со овој дуел следува и пауза во регионалното натпреварување, прво поради ЕХФ неделата, а потоа и со згуснатиот распоред на натпревари во групите од ЛШ во ноември.

Домашните ракометари го отворија натпреварот со водство, 3-1 па 6-4. Откако Целје водеше со 8-7 во 15 минута, потоа следуваше наша добра игра и пресврт. Вардар го презеде водство, 10-8 и до крајот на првото полувреме имавме предност од „плус 3″ за 16-13.
Игравме без тројца ракометари, Рожерио Мораеш, Хорхе Македа и Стојанче Стоилов. Целиот товар на линијата од шест метри го носеше на плеќи Мијајло Марсениќ, а средбата беше со силен интензитет и многу трчање, токму како и што се очекуваше.

Во второто полувреме Вардар ја одржуваше предноста, а Целје успеа неколкупати да намали на „минус 2″ и еднаш на само гол предност, 25-26 во 51 минута. Во последната минута имаа шанса за намалување повторно на„минус 1″, но тој напад не го реазлизираа, а потоа Карачиќ стави точка на сѐ.

Целје – ВАРДАР 28-31

ВАРДАР: Штербик, Милиќ, Ѓорѓевски, Недановски 1, Поповски, Криштопанс 2, Карачиќ 4, Абутовиќ 1, Кањељас 1, Циндриќ 4, Чупиќ 3, Дибиров 6, Борозан 2, Војводиќ, Марсениќ 2